ПАНИКА ВО БАЛТИКОТ Литванија, Латвија и Естонија смислуваат каде ќе кријат 400.000 граѓани

Балтичките земји со години предупредуваат НАТО-сојузниците за ризиците од руска агресија, наведувајќи кибернапади, дезинформациски кампањи и упади на авиони и дронови

ПАНИКА ВО БАЛТИКОТ Литванија, Латвија и Естонија смислуваат каде ќе кријат 400.000 граѓани
Фото: Национал

Литванија, Латвија и Естонија започнаа со изготвување планови за непредвидени ситуации во случај да дојде до нагло зголемување на руското воено присуство или директен напад, пренесува Ројтерс.

Балтичките земји со години предупредуваат НАТО-сојузниците за ризиците од руска агресија, наведувајќи кибернапади, дезинформациски кампањи и упади на авиони и дронови. Иако Москва тврди дека нема намера да нападне, трите држави драматично ги зголемија трошоците за одбрана по инвазијата врз Украина.

„Можно е да видиме моќна армија на нашите граници, со цел за три дена до една недела да окупира три земји,“ предупредува Ренатас Позела, шеф на литванската противпожарна служба, која активно учествува во подготовките.

Се разгледуваат неколку сценарија: саботажа на комуникации и транспорт, масовен прилив на мигранти, немири во рускојазичните заедници и ширење на лажни вести со цел паника и егзодус.

За првпат се откриваат детали за бројот на можни евакуирани. Половина од жителите што живеат во радиус од 40 км од границите со Русија и Белорусија би морале да се повлечат – тоа се околу 400.000 луѓе.

Во Литванија, градот Каунас подготвува капацитет за 300.000 бегалци во училишта, универзитети, цркви и спортски арени. Во магацини веќе има тоалетна хартија, полски кревети и друг основен материјал.

Автомобилите на цивилите ќе се насочуваат кон споредни патишта за да се ослободат главните зајденици за армијата. Изготвена е и специјална мапа со градови-засолништа.

„Ова е јасен сигнал до општеството – сме подготвени и планираме,“ изјави литванскиот советник за безбедност Кестутис Будрис.

Естонија подготвува планови за преместување на 10% од населението (околу 140.000 луѓе) во импровизирани засолништа, додека другите би заминале кај роднини.

Латвија проценува дека дури една третина од нејзините 1,9 милиони жители би морале да ги напуштат домовите во случај на ескалација.

CATEGORIES
TAGS
Share This