НАЈЧУДНИТЕ ИЗБОРИ – 270 гласачи, четири излегоа, доби само еден глас, својот и победи
Михановиќ призна дека е „емотивен и оди со срце“, но тврди дека со ова сакал да испрати силна порака до оние што, според него, му ги украле гласовите на мајските избори

Верувале или не – на дополнителните локални избори во Хрватска, нов советник во Мурски Средишќе стана Милорад Михановиќ благодарение на тоа што гласал само за себе.
Од 270 Роми со право на глас, излегле само четворица. Тројца ливчиња завршиле како неважечки, а единственото важечко било токму неговото! Со тоа, Михановиќ победи со 100% поддршка од еден глас.
„Сакав да покажам како со еден протестен глас може да се стане советник“ – изјави Михановиќ, кој дури и на сопругата ѝ рекол да не гласа.
Тој отворено го обвини актуелниот заменик-префект Елвис Краљ за изборни манипулации и пад на излезноста.
„Тие знаат дека не можат да се борат против неговата политика, па се повлекоа“- вели тој.
Михановиќ призна дека е „емотивен и оди со срце“, но тврди дека со ова сакал да испрати силна порака до оние што, според него, му ги украле гласовите на мајските избори.
Инаку, новиот советник бил војник на 9-та гардиска бригада „Волци“ за време на војната.


