ОД КУЌЕН ПРИТВОР ВО СКОПЈЕ ДО ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД – Трагичен крај на Мартин Сипковски

Полициски извори брифираат дека досега Сипковски ја почитувал мерката куќен притвор, а постапката за обид за убиство траела повеќе од една година. Претходно му биле изрекувани и воспитни мерки.

ОД КУЌЕН ПРИТВОР ВО СКОПЈЕ ДО ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД – Трагичен крај на Мартин Сипковски
Фото: Принтскрин

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми известија дека загинало во експлозија во Белград, успеал да избега од куќен притвор во Македонија бригираат извори во скопското Обвинителство. Против него во Македонија се водела постапка за обид за убиство

Адвокатот Туфегџиќ потврдува дека бил негов застапник, но дека сè уште нема официјална потврда за учеството на Сипковски во настанот во Белград.

„Како негов бранител, од неговата мајка сум известен дека Мартин не е достапен веќе неколку дена, под неразјаснети околности. Во Кривичниот суд против него се водат неколку постапки, и изречена му е мерка куќен притвор до правосилно завршување на процесите. Досега не постои правосилна пресуда“, изјави Туфегџиќ.

Полициски извори брифираат дека досега Сипковски ја почитувал мерката куќен притвор, а постапката за обид за убиство траела повеќе од една година. Претходно му биле изрекувани и воспитни мерки.

„Институциите не направија доволно за Мартин – дете кое беше интелигентно и талентирано, но му беше потребна поддршка и насочување. Настанот треба да биде поттик воспитно-поправните домови и надлежните служби навремено да делуваат и да им помогнат на младите во судир со законот да ја насочат својата енергија во позитивна насока“, изјави адвокатот за Скопје 1.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека се во контакт со српското МНР и дека повеќе информации ќе бидат објавени утре.

Според досегашните информации од српската истрага, Сипковски наводно внел експлозивна направа во зграда на улицата Дечанска во Белград. Следната вечер, при неправилно ракување, дошло до детонација која му го одзела животот. Случајот се третира како сериозно кривично дело, а истражителите интензивно работат на прибирање на сите материјални докази и сведоштва за целосно расветлување на настанот.

Инаку, на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која загина 21-годишниот Мартин Сипковски. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, јавува српски „Телеграф“.

Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја – пентрит (PETN). Како што се наведува, експлозивот наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Експлозијата целосно го уништила станот каде се случил настанот, а биле оштетени и два соседни стана.

Во станот истражителите пронашле неколку шифрирани телефони, објави. Според извор од истрагата, уредите сè уште се предмет на техничка анализа, но дел од содржината веќе е дешифрирана и обезбедени се важни докази.

Првичните сомневања укажуваат дека експлозивната направа, која била подготвена за ликвидација, можеби ја изработила група поврзана со „врачарците“ и со кавачкиот клан. Во шифрираните пораки се појавил прекар кој им е добро познат на истражителите и кој се поврзува со убиството на Никола Станковиќ, познат како Пивце, како и со други ликвидации.

Станковиќ беше убиен во декември минатата година во својот дом, додека спиел со бремената свршеница. Напаѓачите влегле во куќата и го застрелале на лице место.

Вишото јавно обвинителство во Белград вчера соопшти дека го сомничи 26-годишниот Ф.В. за нелегално поседување и трговија со оружје и експлозивни материи. Тој, според обвинителството, донел експлозив на лице чие тело беше пронајдено по експлозијата во станот на третиот кат на Косовска улица. Ф.В. е задржан во притвор до 48 часа и ќе биде изведен на сослушување пред обвинител.

Тој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел пентрит и, според сомневањата, му ја предал материјата на Сипковски. По сослушувањето во Више јавно обвинителство во Белград, против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали; обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.

Истражните органи соопштија дека случајот се третира како сериозна кривична постапка. Истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите и мотивите поврзани со настанот. Според досегашните информации, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила.

Силата на експлозијата, според извештаите, целосно уништила преградни ѕидови, искршила прозорци и рамки, а оштетила и неколку автомобили паркирани на улицата. Неофицијално, мажот го изнајмил станот на еден ден, а експлозивната направа најверојатно ја активирал при невешто ракување.

Кој беше Мартин Сипковски? Во јавноста тој беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, подоцна насочен кон моделинг и работа во модната индустрија. Неговата соработка со агенција во Истанбул и ангажманот во модната сцена беа покриени во медиумите. Исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските и некои македонски извори укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрага.

Што е пентрит (PETN)? Пентрит е моќен детонабилен состав во форма на бели кристали, употребуван во детонатори и при производство на одредени пластични експлозиви. Поради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува сериозен безбедносен ризик.

Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

CATEGORIES
Share This