ТАГА ВО РЕГИОНОТ: Почина легендарниот Халид Бешлиќ

Халид Бешлиќ ќе остане запаметен како еден од највлијателните и најсаканите изведувачи на народна музика од поранешна Југославија

ТАГА ВО РЕГИОНОТ: Почина легендарниот Халид Бешлиќ
Фото: Принтскрин

Почина Халид Бешлиќ – легендарниот пејач кој зад себе остави непроценливо музичко наследство. Имаше 71 година.

Според регионалните медиуми, Бешлиќ починал во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што подолг период се лекувал од сериозни здравствени проблеми. Состојбата му се влошила по настап во Бања Лука, кога бил итно хоспитализиран, а потоа префрлен на Одделот за онкологија, каде што продолжил неговиот третман.

Само неколку недели пред да почине, Халид ја објави својата последна песна – емотивна посвета на неговата сопруга Сади, која, како што често велеше, била неговата најголема поддршка во животот и кариерата. Песната беше дочекана со голема топлина од јавноста и се смета за негово последно искрено обраќање кон семејството и публиката.

Халид Бешлиќ ќе остане запаметен како еден од највлијателните и најсаканите изведувачи на народна музика од поранешна Југославија. Неговите песни го обележаа животот на повеќе генерации, а неговиот глас и харизма засекогаш ќе останат дел од музичната историја на регионот.

CATEGORIES
Share This