АЛИУ НАЈАВУВА 80.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП – Граѓаните да се пријават навреме

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека интересот за вакцинација секоја година расте, што покажува поголема свесност за важноста на заштитата од грип

АЛИУ НАЈАВУВА 80.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП – Граѓаните да се пријават навреме
Фото: Национал

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за лицата од ризичните категории. Граѓаните може да се пријават преку пополнување на апликацијата на веб-страницата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени следниве категории: лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, како и корисници и вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека интересот за вакцинација секоја година расте, што покажува поголема свесност за важноста на заштитата од грип. Тој ги повика граѓаните, особено ризичните групи, навреме да се пријават и да го заштитат своето здравје.

„Министерството годинава обезбеди рекорден број од 80.000 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип од реномираниот производител „Абот“ од Холандија“, нагласи Алиу.

CATEGORIES
TAGS
Share This