МИЛИЈАРДЕР, ЧЕТИРИ ДЕЦА, ДВЕ ЖЕНИ – Личниот живот на новиот чешки премиер Бабиш кој убедливо победи на изборите

Андреј Бабиш е познат по својот популистички пристап и контроверзни политички ставови

МИЛИЈАРДЕР, ЧЕТИРИ ДЕЦА, ДВЕ ЖЕНИ – Личниот живот на новиот чешки премиер Бабиш кој убедливо победи на изборите
Фото: Икс

Партијата АНО (Акција на незадоволни граѓани) на милијардерот Андреј Бабиш убедливо победи на парламентарните избори во Чешка. Иако решија да тргнат по свои патишта, неговата поранешна сопруга Моника го поддржа на изборите, што претставуваше големо изненадување за јавноста.

Андреј Бабиш е познат по својот популистички пристап и контроверзни политички ставови. Роден е на 2 септември 1954 година во Братислава, тогашна Чехословачка. Политичката кариера ја започна со основањето на политичкото движење АНО во 2012 година, кое брзо стекна голема популарност, а Бабиш се позиционира како клучна фигура во чешката политика.

Тој беше премиер на Чешката Република од декември 2017 до декември 2021 година, истовремено извршувајќи ја функцијата министер за финансии и прв заменик-премиер. Неговата влада беше позната по популистички политики, намалување на даноците и зголемени социјални бенефиции. Сепак, Бабиш се соочи со обвинувања за судир на интереси поради сопственоста на бизнис-империјата „Агроферт“, што предизвика контроверзии околу неговото влијание.

Андреј Бабиш има четири деца од два брака.

Првиот брак му беше со Беата Адамичова, чешка докторка, со која има две возрасни деца – Адријана и Андреј.

Подоцна беше во брак со Моника Бабишова (моминско презиме Херодесова), чешка политичарка и поранешна секретарка. Заедно имаат двајца синови, Фредерик и Вивиен. Двојката беше во врска повеќе од 30 години и се венча во 2017 година, кога Моника го смени презимето во Бабишова. Во медиумите често беше споредувана со Меланија Трамп и нарекувана „европска конкуренција“.

Иако се разделија во април 2024 година, Бабиш и Моника нагласија дека семејството останува приоритет и дека сакаат да зачуваат хармонија заради децата.

Моника, и покрај разводот, го поддржа Бабиш на изборите во 2025 година. Во видео објавено на Инстаграм, таа се обрати до неопределените гласачи, истакнувајќи ги неговите квалитети: напорна работа, упорност, општествена одговорност и грижа за луѓето. Целта на видеото беше да се мотивираат гласачите да гласаат за АНО, особено во Моравско-шлескиот регион каде што Бабиш беше кандидат.

CATEGORIES
TAGS
Share This