ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА – Западни центри се обидуваат да организираат обоена револуција во Србија

Тој посочи дека младите во Србија кои протестираат често се патриоти и дека е важно да се продолжи дијалогот со нив, што, според него, го прави Вучиќ.

ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА – Западни центри се обидуваат да организираат обоена револуција во Србија
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека целосно се согласува со српскиот претседател Александар Вучиќ за тврдењата дека во Србија се подготвува обид за „обоена револуција“.

Говорејќи на пленарната седница на 22. годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдаи“ во Сочи, Путин нагласи дека руските разузнавачки служби потврдиле дека западни центри работат на организација на вакво сценарио.

„Секогаш има млади луѓе кои не ги разбираат доволно актуелните проблеми, историјата и последиците од нелегалните промени на власта. Видовме што донесе обоената револуција во Украина – ништо добро. Тоа е неуставно и нелегално преземање на власта“, рече Путин.

Тој посочи дека младите во Србија кои протестираат често се патриоти и дека е важно да се продолжи дијалогот со нив, што, според него, го прави Вучиќ.

„Силите кои ги туркаат на улиците сакаат српскиот народ повторно да страда. А Србија веќе има минато со големи жртви – пред Првата светска војна, по неа и за време на Втората светска војна“, нагласи рускиот претседател.

CATEGORIES
TAGS
Share This