АМЕРИКА ГО ОТВОРА ФРОНТОТ – Киев добива зелено светло за удри длабоко во Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, по средбата со својот украински колега Володимир Зеленски, изјави дека е уверен оти Украина ќе успее да ја врати целата окупирана територија

АМЕРИКА ГО ОТВОРА ФРОНТОТ – Киев добива зелено светло за удри длабоко во Русија
Фото: Принтскрин

САД одобриле споделување разузнавачки информации со Украина за планирање на ракетни напади со долг дострел врз енергетски објекти на територијата на Русија, објави Wall Street Journal повикувајќи се на американски претставници.

Со оваа одлука, Киев добива зелено светло да таргетира руски рафинерии, цевководи и електрани. Паралелно, Вашингтон го разгледува барањето на Украина за дополнителна воена помош, меѓу која и ракети од типот „Томахавк“ со дострел до 2.500 километри, пренесува британскиот Telegraph.

Весникот наведува дека САД веќе побарале од своите НАТО-сојузници да обезбедат слична поддршка. Украина и досега користеше американско разузнавање, но настојува да ја продлабочи соработката за да ги намали приходите на Москва од енергетскиот извоз.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, по средбата со својот украински колега Володимир Зеленски, изјави дека е уверен оти Украина ќе успее да ја врати целата окупирана територија. Според медиумите, токму на таа средба Зеленски побарал ракети „Томахавк“, истакнувајќи дека нивното распоредување би можело да ја принуди Русија на преговори.

Во меѓувреме, Украина работи и на сопствена ракета со долг дострел под името „Фламинго“, која сè уште е во почетна фаза на развој.

Засега нема официјални реакции ниту од Белата куќа, ниту од украинската влада во врска со овие информации.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This