ЛИВЕРПУЛ СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМА ЗАГУБА Леони паузира една година по повредата

ЛИВЕРПУЛ СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМА ЗАГУБА Леони паузира една година по повредата

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе биде надвор од терените околу една година поради повреда на предните вкрстени лигаменти на левата нога. Оваа информација ја потврди тренерот на Ливерпул, Арне Слот, кој истакна дека ситуацијата е многу тешка за младиот играч.

Леони, кој има само 18 години и летово пристигна од Парма, направи својот дебитантски настап во дресот на Ливерпул во натпреварот против Саутхамптон во Лига купот. За жал, неговиот настап заврши во 81. минута по незгоден скок во еден дуел, што доведе до сериозна повреда. Слот изјави: “Не е во добра состојба, бидејќи скрши лигаменти и ќе паузира околу една година. Многу е тешко да се најде позитивна страна во ваква ситуација, но имајќи предвид дека е млад, има многу години пред него по закрепнувањето од ваква тешка повреда.”

Со Леони надвор од составот, Ливерпул сега останува со само тројца стандарден стопери до јануарскиот преоден рок: Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез. Оваа ситуација создава дополнителен притисок на тимот, кој ќе мора да се прилагоди на новите околности во следните месеци.

CATEGORIES
Share This