СЛАБ НАСТАП НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН Зборуваше за сè, само не за Македонија
Промашен говор...на пример, албанскиот претседател од говорницата на ОН бараше столче за Косово во ОН

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук се огласи по повод говорот на претседателката Сиљановска-Давкова Гордана на генералната дебата на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
-„Слаб говор на Сиљановска – Давкова Гордана во ОН. Говореше за светските проблеми – климатските промени, океаните, Блискиот Исток и Газа, Украина, Русија која била главна закана за светскиот мир, реформите во ОН за кои го кажа рецептот- жена за нов генерален секретар на ОН, држеше предавање за Томас Хобс, Жан Жак Русо, Тукидид….промрморе срамежливо за бугарското вето за Македонија во ЕУ. И толку!
Промашен говор…на пример, албанскиот претседател од говорницата на ОН бараше столче за Косово во ОН.
Сиљановска – Давкова Гордана требаше да ја искористи говорницата на годишното заседание на Генералното собрание кое започнува секоја трет вторник во септември и на кое се собираат светските лидери под еден покрив, од најрелевантно место да поентира за Македонската вистина. Дотолку повеќе, сите аргументи, меѓународно-правно опсервирани, се на наша страна. Но, за ова има едно АМА – треба храброст, знаење и силна национална и патриотска определба“ – напиша професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев.


