ВО БИТОЛА ЗАПОЧНА 46. ИЗРАНИЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“ – Фестивалот започна со проекција на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска
Фестивалот нуди натпреварувачка програма за наградите „Камера 300“ во златна, сребрена и бронзена категорија, како и богата документарна и студентска селекција.

Со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан и со доделување посебни фестивалски признанија, вечерва во Битола започна 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Фестивалот нуди натпреварувачка програма за наградите „Камера 300“ во златна, сребрена и бронзена категорија, како и богата документарна и студентска селекција. Се враќа и програмата „Макпоинт“, посветена на македонски филмови.
Златна камера 300 за животно дело годинава добива кинематограферот Дариус Конџи, додека специјални признанија ќе бидат врачени на турскиот режисер Семих Капланоглу и на американскиот оскаровец Воли Фистер. На свеченото затворање, композиторот Кирил Џајковски ќе ја добие наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во филмската музика.
Фестивалот ќе заврши на 26 септември со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски и кинематограферот Наум Доксевски.
