ПО РАЗГОВОРОТ СО СИ – Трамп ќе ја посети Кина

Тој додаде дека повторно ќе разговара со Си по телефон и нагласи дека двајцата со нетрпение ја очекуваат средбата на форумот на АПЕК.

ПО РАЗГОВОРОТ СО СИ – Трамп ќе ја посети Кина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал „многу продуктивен разговор“ со кинескиот лидер Си Џинпинг.

„Направивме напредок по важни теми – трговијата, фентанилот, потребата од прекин на војната во Украина и договорот за ТикТок. Се договоривме да се сретнеме на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, јас ќе ја посетам Кина на почетокот на следната година, а претседателот Си ќе дојде во САД во соодветно време“, напиша Трамп на Truth Social.

Тој додаде дека повторно ќе разговара со Си по телефон и нагласи дека двајцата со нетрпение ја очекуваат средбата на форумот на АПЕК.

CATEGORIES
TAGS
Share This