ПАНИКА НА НЕБОТО НАД ЊУЈОРК – Авионот на Трамп замалку да се судри со патнички авион

Контролата на летови веднаш реагирала откако забележала дека двата авиона се движат на иста висина и со слична траекторија

ПАНИКА НА НЕБОТО НАД ЊУЈОРК – Авионот на Трамп замалку да се судри со патнички авион

Авионoт со кој патуваше американскиот претседател Доналд Трамп на пат кон Велика Британија се најде во опасна ситуација, кога во воздушниот простор над Њујорк се приближил премногу блиску до патнички авион, објави Блумберг.

Контролата на летови веднаш реагирала откако забележала дека двата авиона се движат на иста висина и со слична траекторија. Диспечерот без двоумење го алармирал екипажот на цивилниот авион:

„Сигурен сум дека знаете кој е ова… Спирит 1300, свртете десно 20 степени. Сега! – пренесува Блумберг.

Благодарение на брзата реакција, можниот инцидент бил избегнат.

Трамп и неговата сопруга Меланија потоа безбедно продолжиле кон Велика Британија, каде што во рамките на официјалната посета со свечена кралска придружба патувале со кочија до замокот Виндзор.

CATEGORIES
TAGS
Share This