МОБ УТРЕ ЈА ОТВОРА НОВАТА БАЛЕТСКА СЕЗОНА – Отворањето ќе биде со премиера на „Градина на почетоците“ од Стојан Стојков

Во претставата учествува голем ансамбл со домашни и странски уметници, а од МОБ очекуваат делото да се задржи подолго на репертоарот и да биде претставено и надвор од земјата.

МОБ УТРЕ ЈА ОТВОРА НОВАТА БАЛЕТСКА СЕЗОНА – Отворањето ќе биде со премиера на „Градина на почетоците“ од Стојан Стојков

Националната опера и балет во петок, на 19 септември, ќе ја отвори новата сезона со премиерната изведба на балетот „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, по либрето на Ефтим Клетников. Главните улоги ќе ги толкуваат Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).

Кореографијата е на Џан Арслан од Турција, а со оркестарот ќе диригира Иван Еминовиќ. Стојков на прес-конференција истакна дека инспирација нашол во антички музички записи и полифонијата, со силно вграден елемент на македонскиот рурален фолклор.

Арслан посочи дека музиката веднаш ја поттикнала неговата визија, а генералниот менаџер Кире Павлов откри дека проектот бил оживеан благодарение на поддршката на Министерството за култура и раководството на МОБ.

Во претставата учествува голем ансамбл со домашни и странски уметници, а од МОБ очекуваат делото да се задржи подолго на репертоарот и да биде претставено и надвор од земјата.

CATEGORIES
Share This