МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА – Методологијата за мерење на енергетската сиромаштија усогласена со европските стандарди

Ова е прв систематизиран документ во земјава кој ќе овозможи реално следење на енергетската сиромаштија преку јасни критериуми – ниски приходи, високи трошоци за енергија и ниска енергетска ефикасност на домаќинствата.

МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА – Методологијата за мерење на енергетската сиромаштија усогласена со европските стандарди

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Секретаријатот на Енергетската заедница дал позитивен одговор за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на енергетската сиромаштија, потврдувајќи дека документот е усогласен со европските стандарди и со Директивата (ЕУ) 2019/944.

Ова е прв систематизиран документ во земјава кој ќе овозможи реално следење на енергетската сиромаштија преку јасни критериуми – ниски приходи, високи трошоци за енергија и ниска енергетска ефикасност на домаќинствата.

Министерството информира дека веќе работи на годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, каде методологијата ќе биде централна алатка за креирање таргетирани мерки.

„Со ова правиме силен чекор напред кон поправедна и посоцијално одржлива енергетска политика и никој нема да биде оставен на маргините,“ изјави министерката Сања Божиновска.

CATEGORIES
Share This