ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД МАСОВЕН СИНДИКАЛЕН ШТРАЈК – Се очекува да има до 900.000 демонстранти на улиците

Протестите се организирани на 250 локации и предизвикуваат сериозни прекини во клучни сектори.

ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД МАСОВЕН СИНДИКАЛЕН ШТРАЈК – Се очекува да има до 900.000 демонстранти на улиците

Ширум Франција денеска се одржува голем меѓусиндикален штрајк, со очекување меѓу 600.000 и 900.000 граѓани да излезат на улиците, јавува BFMTV. Протестите се организирани на 250 локации и предизвикуваат сериозни прекини во клучни сектори.

Најпогодени се јавниот превоз, образованието и здравството. Во железничкиот сообраќај сообраќа само секој втор Intercités и секој трет регионален воз, додека во Париз метрото функционира ограничено, со исклучок на линиите 1, 4 и 14.

Штрајкот го зафати и образованието, каде секој трет наставник во основните училишта не држи настава, како и фармацевтскиот сектор – дури 98% од аптеките низ земјата се затворени.

CATEGORIES
Share This