ТРАМП ВО ЛОНДОН – Посетата на Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Трамп потсети дека е единствениот американски претседател кој ја посетил земјата двапати, последен пат во 2019 година.

ТРАМП ВО ЛОНДОН – Посетата на Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени својата посета на Велика Британија како „една од најголемите почести“ во неговиот живот, во говор на свечена вечера во замокот Виндзор во присуство на кралот Чарлс и 160 гости.

Трамп потсети дека е единствениот американски претседател кој ја посетил земјата двапати, последен пат во 2019 година, и ја нагласи „посебната врска“ меѓу САД и Велика Британија, која според него се темели на историјата, јазикот, културата и традицијата.

Тој го пофали кралот за воспитувањето на принцот Вилијам, за кого рече дека ќе има „неверојатен успех“ како идeн монарх. Претседателот додаде дека тој и Меланија се воодушевени што повторно се сретнале со престолонаследникот и со принцезата, која ја опиша како „сјајна, здрава и убава“.

CATEGORIES
Share This