ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ВО СТРУГА – Осомничени за обид за убиство
Двајца мажи од Струга и струшко се приведени под сомнение за обид за убиство на 52-годишен жител на дебарското село Џепиште, соопшти СВР Охрид.

Осомничените, 29-годишен стружанец и 34-годишен жител на Велешта, на улицата ЈНА во Струга нападнале со метални предмети 52-годишниот Б.А. и 17-годишно лице од Џепиште. Потоа едниот од нив испукал неколку куршуми кон жртвата и избегал.
Двајцата се лоцирани и лишени од слобода, а повредениот е пренесен во струшката болница со тешки телесни повреди.
CATEGORIES Македонија


