СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – АМСМ предупредува за можни одрони
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината и да внимаваат на поставената сигнализација, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од одрони. Како покритични се наведуваат патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија


