ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СО ПОРАКА ДО НИКОЛОВСКИ – Иституциите над политиката

Таа апелираше институциите, особено ЈОГОКК, професионално да ја истераат истрагата

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СО ПОРАКА ДО НИКОЛОВСКИ – Иституциите над политиката
Фото: Претседател на РМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека безбедносните служби мора да останат надвор од партиски влијанија, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја повика да реагира за злоупотребите во Агенцијата за разузнавање.

„Безбедносниот систем не е арена за партиски препукувања ниту за агентури. Тоа се строго професионални институции каде е забрането политичко здружување“ – изјави таа за „Слободен печат“.

Сиљановска додаде дека внимателно ја следи „аферата за незаконско прислушување“ во АНБ и порача дека секое незаконско следење е „тешко кривично дело и напад врз демократијата“.

Таа апелираше институциите, особено ЈОГОКК, професионално да ја истераат истрагата:

 „Никој нема право да ја злоупотребува државата за лични или партиски цели“ – нагласи претседателката.

CATEGORIES
Share This