СОНЧЕВО И ТОПЛО ДЕНЕС – Нестабилно време од утре
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува од јужен правец. Минималните утрински температури се движат од 8 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 29 до 35 Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со повремена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во делови од котлината можно е и краткотрајно засилување од јужен правец. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 16 до максимални 34 степени Целзиусови.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува промена на временската состојба. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места се очекуваат локални поројни дождови проследени со грмежи и засилен ветер.
Со оваа промена ќе започне и постепено опаѓање на дневните температури, со што тропските денови ќе бидат прекинати, а времето ќе стане посвежо.
