КАКО СТАЛИН, РУЗВЕЛТ И ЧЕРЧИЛ – Димитриев за улогата на Путин и Трамп
Тој ја илустрираше објавата со две фотографии, од кои првата црно-бела ја прикажува историската тројка - советскиот лидер Јосиф Сталин, 32-от претседател на САД, Франклин Рузвелт, и поранешниот британски премиер, Винстон Черчил.

Фото: Принтскрин
Кирил Димитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја спречат Третата светска војна.
„Сталин, Рузвелт и Черчил ја добија Втората светска војна. Путин и Трамп ќе ја спречат Третата светска војна“, напиша Димитриев синоќа на социјалната мрежа X.
Тој ја илустрираше објавата со две фотографии, од кои првата црно-бела ја прикажува историската тројка – советскиот лидер Јосиф Сталин, 32-от претседател на САД, Франклин Рузвелт, и поранешниот британски премиер, Винстон Черчил.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

