РЕАКЦИЈА – Соросовата шарена конструкција „Независни за Карпош“ со нарачана кампања против Единствена Македонија
Нашата порака до нив е јасна: полтроните можат да бидат посакувани од некого, но никогаш не се ценети од народот

До редакцијата на „Национал“ пристигна реакција од партијата Единствена Македонија на текст објавен вчера од „Независни за Карпош“: Во реакцијата се вели:
-„Најостро ја демантираме лагата на шарените револуционери кои ја рушеа Македонија а кои се одазиваат на „Независни за Карпош“, една од многуте соросоидни конструкции во државата, чија цел е бришење на сè што е македонско.
Инофмацијата лиферувана вчера од нивна страна дека Единствена Македонија добила државно финансирање врз основа на наводни 37 гласа во Демир Капија на локалните избори во 2021 година е флагрантна невистина со цел оцрнување на партијата по задача пред изборите на 19 октомври.
Фактите се јасни: Единствена Македонија на локалните избори 2021 настапи не во една, туку со 33 листи во 33 општини, што беше најмногу после ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓу сите партии што излегоа самостојно на изборите.
Јасно е чиј проект се „Независни за Карпош“, но демократијата не значи дека секоја шарена инсталација може да шири нарачани лаги по задача против Единствена Македонија.
Ајде да зборуваме за кредибилитет: овие истите „Независни за Карпош“ за претстојните локални избори на 19 октомври ќе настапат со листа поддржана со само два потписи. Значи, од ниво на свадбен матичар со двајца сведоци – директно во Совет на Општина Карпош! И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за избори и државно финансирање.
Нашата порака до нив е јасна: полтроните можат да бидат посакувани од некого, но никогаш не се ценети од народот“ – се потенцира во реакцијата на Единствена Македонија.

