ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ – Збратимување со Москва, 15 инвестиции од Русија и Кина, туристичка експанзија од Русија, Кина, Белорусија и Украина

Во наредниот период кандидатот Јовановски ќе ја претстави деталната програма, која, треба да донесе достоинствен, модерен и квалитетен живот за сите жители на Скопје.

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ – Збратимување со Москва, 15 инвестиции од Русија и Кина, туристичка експанзија од Русија, Кина, Белорусија и Украина
Фото: Национал

Единствена Македонија ја известува јавноста дека Централниот и Извршниот комитет на партијата ја потврдија одлуката за градоначалник на Скопје да биде Зоран Јовановски, дипломиран правник.

Јовановски е познат по своите залагања за поблиски односи со Русија и Кина. Неговата визија предвидува збратимување на Скопје и Москва, доведување најмалку 15 инвеститори од Русија и тројца од Белорусија со кои се направени почетни контакти, како и иницијатива за економска соработка со овде земји.

Посебен акцент Јовановски става и на зајакнување на македонско-источнославјанското пријателство, како и на развој на туристичката понуда. Планот вклучува привлекување туристи од Русија, Белорусија, Украина и Кина, преку соработка со градови, стопанственици и тур-оператори од овие земји.

Во наредниот период кандидатот Јовановски ќе ја претстави деталната програма, која, треба да донесе достоинствен, модерен и квалитетен живот за сите жители на Скопје.

CATEGORIES
TAGS
Share This