НАПНАТОСТ НА ГРАНИЦИТЕ Медведев предупредува за воени активности околу Русија

Во последните изјави, Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, истакна дека неколку земји, вклучувајќи ја Финска, Норвешка, Полска и балтичките држави, интензивно го зголемуваат своето воено присуство во близина на руските граници. Според него, ситуацијата е на работ на експлозија.
Медведев, кој беше во посета на северозападниот дел на Русија, посочи дека на границата со Финска се гради нова инфраструктура, која може да служи за распоредување на воени единици. Иако ситуацијата на границата се опишува како мирна, тој нагласи дека по влезот на Финска во НАТО, Русија е принудена да ја прилагоди својата стратегија.
Според рускиот функционер, тврдењата за “руска закана” се изговори кои се користат за манипулација на јавноста во западните земји. Тој смета дека таквите наративи се создадени за да се привлечат гласачи и да се оправдаат воени трошоци.
Медведев истакна дека иницијативите за безбедносни гаранции за Украина, кои ги разгледуваат западните земји, не можат да имаат значителни последици без консултации со Русија. Тој ја критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го “незаконски лидер”.
Оваа ситуација дополнително ја зголемува напнатоста во регионот и предизвикува загриженост за можните последици на глобалната безбедност.

