ГЛАМУРОЗНА СВАДБА ВО ЛИХТЕНШТАЈН – Принцезата Марија Каролина се омажи за банкарот Леополд Мадуро Волмер
Свадбата, која личеше на бајка, привлече големо внимание: црквата беше украсена со хортензии и син тепих, принцезата пристигна со бел Ролс Ројс, а носеше венчаница со долг превез и фамилијарна тиара стара 135 години.

Принцезата Марија Каролина од Лихтенштајн (28), внука на кнезот Ханс Адам II, во Вадуц се омажи за венецуелскиот инвестициски банкар Леополд Мадуро Волмер (33), член на едно од најбогатите семејства во Јужна Америка.
Свадбата, која личеше на бајка, привлече големо внимание: црквата беше украсена со хортензии и син тепих, принцезата пристигна со бел Ролс Ројс, а носеше венчаница со долг превез и фамилијарна тиара стара 135 години.
На свеченоста присуствуваше и политичкиот врв на Лихтенштајн, додека жителите на Вадуц со голем интерес го следеа настанот.
Иако е ќерка на идниот владетел, принцезата никогаш нема да може да го наследи тронот, бидејќи лихтенштајнските закони не дозволуваат женско наследување.
CATEGORIES Сцена


