УАПСЕН СТРУМИЧАНЕЦ ЗА КРАЖБА НА МОПЕД – Делото го признал во полициска станица
Осомничениот при разговор во полициска станица го признал делото. Возилото било одземено и вратено на сопственикот.

Полициските службеници од СВР Струмица во понеделникот (01.09.2025) во 19 часот го уапсиле С.В. (59) од село Дабиле, под сомнение дека неколку часа претходно украл мопед „Сузуки“ од вулканизерска работилница во Струмица.
Осомничениот при разговор во полициска станица го признал делото. Возилото било одземено и вратено на сопственикот. За случајот е известено Основното јавно обвинителство, а против С.В. ќе следи соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија


