ДВА АКТИВНИ ПОЖАРА, ТРИ ПОД КОНТРОЛА – Вкупно 18 интервенции низ државата за едно деноноќие

Активни пожари има кај селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени, каде гори нискостеблеста вегетација, и во селото Никуштак, општина Липково, каде е зафатена мешана шума.

ДВА АКТИВНИ ПОЖАРА, ТРИ ПОД КОНТРОЛА – Вкупно 18 интервенции низ државата за едно деноноќие

Во изминатите 24 часа, на територијата на државата се регистрирани 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, 13 се изгаснати, три се ставени под контрола, додека два се сè уште активни.

Активни пожари има кај селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени, каде гори нискостеблеста вегетација, и во селото Никуштак, општина Липково, каде е зафатена мешана шума. Под контрола се пожарите во Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба.

ЦУК потсетува дека на целата територија на државата е прогласена кризна состојба до 7 септември, а за поддршка во справувањето со огнените стихии се ангажирани и 352 граѓани што неодамна завршија обука за пожарникари.

CATEGORIES
Share This