ПОПЛАДНЕВНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ На места пороен дожд над 20 литри за кратко време

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

ПОПЛАДНЕВНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ На места пороен дожд над 20 литри за кратко време
Фото: Национал

Денеска (30.08.) времето претпладне сончево со умерена облачност. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладне и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This