ЉУБОВНА ДРАМА ШТО ЈА ПРОМЕНИ ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА Џамбруно и падот на довербата

Во европската политика, Џорџа Мелони често е препознаена како силна жена која со недоверба гледа на однесувањето на своите машки колеги. Нејзините реакции – превртување со очи, дистанцираност и студен однос одамна се предмет на коментари и дури на подбив кај одредени лидери. Дури и францускиот претседател Емануел Макрон, познат по својот шарм, ретко стои до неа, претпочитајќи да се појавува во друштво на Доналд Трамп или други сојузници.
Но зад овој скептицизам кон мажите стои една длабоко лична и болна приказна.
Мелони, која својата политичка кариера ја изгради врз слоганот „Семејството на прво место“, доживеа голем удар во приватниот живот кога нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот и ТВ-водител Андреа Џамбруно, се најде во центар на скандал.
За време на пауза во популарна емисија, Џамбруно беше снимен како упатува недолични коментари кон колешка, прашувајќи ја дали има дечко и дали би можела да ги „допира неговите гениталии“. Камерата го регистрираше и моментот кога тој ѝ се доближува премногу и несоодветно ја зграпчува. Жената, видливо непријатна, одбегнуваше да го погледне.
Видеото брзо протече на социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции и згрозување во јавноста.
Само два дена по скандалот, Мелони јавно објави дека ја завршува речиси десетгодишната врска со Џамбруно:
„Нашата врска заврши. Му благодарам за убавите години, за тешкотиите што ги надминавме и за тоа што ми го подари најважното нешто во мојот живот“ нашата ќерка Џиневра.“
Џамбруно веднаш беше отпуштен од телевизијата, а Мелони побара развод.
Токму ова трауматично искуство објаснува зошто премиерката денес со воздржаност и нетрпение реагира на машкото однесување во политиката. За многумина, нејзината дистанцираност е дел од стилот на силна лидерка, но зад неа стои вистинска лична болка и длабоко предавство.


