АРСЕНАЛ ГО ДОБИ ЕБЕРЕЧИ ЕЗЕ Новата ѕвезда на „топџиите“

АРСЕНАЛ ГО ДОБИ ЕБЕРЕЧИ ЕЗЕ Новата ѕвезда на „топџиите“

Арсенал официјално го доби Еберечи Езе како нов член на тимот, а оваа вест беше објавена само неколку минути пред почетокот на натпреварот против Лидс. Клубот од „Емирејтс“ ќе му исплати на Кристал Палас 60 милиони фунти, со дополнителни осум милиони фунти како бонуси.

27-годишниот офанзивен играч за врска е седмото ново засилување на Арсенал за ова лето, а клубот досега потроши вкупно 267 милиони фунти за нови играчи. Езе, кој беше блиску до трансфер во Тотенхем, потпиша четиригодишен договор и ја избра познатата маица со број 10, која во минатото ја носеа легенди како Денис Бергкамп, Месут Озил и Робин ван Перси.

Интересно е што Езе своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Арсенал, но на 13 години беше ослободен и продолжи во Фулам. Сега, по години, се враќа во клубот кој го одгледуваше и со нетрпение очекува да остави свој печат во редовите на „топџиите“.

CATEGORIES
Share This