БОНИФАЈС НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕГЛЕДИ Трансферот во Милан под знак прашалник

Напаѓачот на Бајер Леверкузен, Виктор Бонифајс, продолжува со медицинските прегледи пред потенцијалниот трансфер во Милан. Нигериецот денеска ќе помине четврта медицинска контрола, бидејќи постојат сомнежи околу завршувањето на договорот, известува „Газета дело Спорт”. Двата клуба веќе постигнаа согласност за заем на фудбалерот во вредност од 5 милиони евра, со опција за трајно купување за 24 милиони евра и договор до 2030 година.
Бонифајс пристигна во Милано во петокот, каде што прво беше подложен на медицински преглед во болницата „Ла Мадонина“. Неговиот физички статус беше оценет во „Сентро Амброзиано”, а потоа следеа дополнителни тестови во болницата „Галеаци” со специјализиран ортопед. Сепак, овие прегледи не беа доволни за италијанскиот клуб, па процесот ќе продолжи и денес.
Ова значи дека Бонифајс најверојатно нема да може да дебитира вечерва против Кремонезе. Причината за повторните и детални прегледи се повредите на вкрстените лигаменти кои ги претрпе за време на својот престој во Бодьо/Глимт во Норвешка, а минатата сезона се соочуваше и со мускулни проблеми. Ситуацијата со трансферот во Милан останува неизвесна.


