ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА – Министрите побегнаа од влада поради несогласувања за Израел

ладата на премиерот Дик Шоф веќе подолго време функционира во технички мандат и без стабилно мнозинство, откако партијата PVV на Герт Вилдерс ја напушти коалицијата претходно оваа година.

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА – Министрите побегнаа од влада поради несогласувања за Израел
Фото: Принтскрин

Холандскиот министер за надворешни работи, Каспар Велдкамп, денес поднесе оставка, а заедно со него од владата се повлекоа и сите министри и државни секретари од неговата партија НСK, членка на владејачката коалиција.

Причината за оставките е несогласувањето околу понатамошните мерки кон Израел. Велдкамп истакна дека сакал да преземе нови чекори во врска со ситуацијата во Газа и на Западниот Брег, но неговата иницијатива била блокирана од останатите коалициски партнери.

„Како влада веќе презедовме голем број чекори и Холандија нема од што да се срами. Но чувствував силен притисок кабинетот да усвои нови мерки, што не беше прифатено,“ изјави Велдкамп за јавниот сервис на Холандија.

Оставка поднесоа и вицепремиерот Еди ван Хејм, министерот за внатрешни работи, министерот за образование, министерот за здравство, како и повеќе државни секретари.

Владата на премиерот Дик Шоф веќе подолго време функционира во технички мандат и без стабилно мнозинство, откако партијата PVV на Герт Вилдерс ја напушти коалицијата претходно оваа година.

Новите парламентарни избори се закажани за 29 октомври.

CATEGORIES
TAGS
Share This