МВР СО НОВИ ТЕСТОВИ ЗА ДРОГА ПРЕКУ ПЛУНКА – Резултат за 10 минути

Добавувачот, доколку е потребно, ќе обезбеди бесплатна обука за полициските службеници за правилно користење

МВР СО НОВИ ТЕСТОВИ ЗА ДРОГА ПРЕКУ ПЛУНКА – Резултат за 10 минути
Фото: Национал

Министерството за внатрешни работи набавува нова генерација брзи тестови за откривање на дрога кај возачи.

Станува збор за имунохроматографски тестови преку плунка, кои се едноставни за употреба и не бараат медицинско знаење. Примерокот се зема за помалку од една минута со орален брис, а резултатите се добиваат најдоцна за 10 минути – без дополнителна електронска опрема.

Тестовите детектираат шест вида психоактивни супстанции:

  • канабис (THC)

  • кокаин

  • амфетамин и метамфетамин

  • опијати (морфин, хероин)

  • екстази (MDMA)

  • бензодиазепини

Производите се во согласност со европските стандарди, имаат CE и ISO 13485 сертификати и веќе се користат во полициски служби во Европа. Тие ќе бидат индивидуално пакувани со јасни ознаки и рок на траење од најмалку 12 месеци.

Добавувачот, доколку е потребно, ќе обезбеди бесплатна обука за полициските службеници за правилно користење. Испораката треба да се изврши најдоцна 30 дена по потпишувањето на договорот, а упатствата ќе бидат достапни и на македонски јазик.

Со оваа набавка, полицијата добива современ инструмент за откривање дрога кај возачи, што според МВР ќе придонесе за значително зголемување на безбедноста на патиштата.

CATEGORIES
TAGS
Share This