ВРАБОТЕН ВО ШУТО ОРИЗАРИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Злоупотреба од 3,6 милиони денари

ВРАБОТЕН ВО ШУТО ОРИЗАРИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Злоупотреба од 3,6 милиони денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје открила случај на измама во службата, во кој е вклучен Д.А. (51), раководител на сектор во општина Шуто Оризари. По добиени оперативни сознанија, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје.

Според истражните информации, Д.А. во текот на 2023 година, со цел да стекне противправна имотна корист, изготвил лажни налози за исплата на средства од буџетот на општината. Тој злоупотребил печат на општината и потпис на актуелниот градоначалник, за да изврши исплати за наводно одржување на училишни објекти.

Во пет наврати, осомничениот успеал да префрли вкупно 3.600.000 денари од буџетската сметка на општината. Парите биле префрлени на правно лице од Скопје, а дополнително, Д.А. формирал и свое правно лице, преку кое исто така издал два лажни налога. Оваа измама значително го оштетила буџетот на општина Шуто Оризари.

CATEGORIES
Share This