78. КАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ Почна празникот на филмот и гламурот на седмата уметност

На Азурниот брег денеска официјално започна 78. издание на Канскиот филмски фестивал, еден од најпрестижните филмски настани во светот. Фестивалот, кој ќе трае до 24 мај, повторно ќе го претвори Кан во светска филмска престолнина, привлекувајќи ги најголемите имиња од Холивуд и меѓународната кинематографија.

78. КАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ Почна празникот на филмот и гламурот на седмата уметност

Денеска започнува 78. издание на Канскиот филмски фестивал, кое ќе трае до 24 мај. На црвениот тепих ќе прошетаат големи ѕвезди како Том Круз, Роберт де Ниро, Спајк Ли и Хали Бери. Фестивалот ќе го отвори доделувањето на почесната Златна палма за животно дело на Де Ниро, кој следниот ден ќе одржи мастерклас.

Француската актерка Жулиет Бинош е претседателка на жирито, а во него се и Хали Бери, Пајал Кападија, Џереми Стронг и други. Вкупно 22 филма се натпреваруваат за Златната палма, со силна застапеност на жени режисерки – седум од вкупно дваесет и два учесници.

Во конкуренција се нови дела од Вес Андерсон, браќата Дарден, Лин Ремзи, Јоаким Трир и Жулија Дукорно. Том Круз ќе го претстави новиот „Невозможна мисија“, а Спајк Ли се враќа со филм надвор од конкуренција. Деби како режисери ќе имаат Кристен Стјуарт, Скарлет Јохансон и Харис Дикинсон, а за првпат ќе биде прикажан и нигериски филм.

Кан останува синоним за уметнички филм и откривање на нови таленти, со рекорден број од 3.000 пријавени филмови годинава.

CATEGORIES
Share This