41 СТЕПЕН Македонија се пржи, но попладне следува пресврт со дожд и грмежи

Сончево и пеколно топло во текот на денот, а во планинските региони се очекуваат локални поројни врнежи и грмежи.

41 СТЕПЕН Македонија се пржи, но попладне следува пресврт со дожд и грмежи
Фото: Национал

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со температури од 16 до 41 степен. Во попладневните часови, особено во планинските региони, ќе има зголемена облачност, а локално се очекуваат пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура во главниот град ќе достигне 40 степени, со воздушен притисок од 976 hPa, влажност од 18 отсто и ветер со брзина од 2 m/s. УВ-индексот ќе биде 9, што означува многу високо ниво на ултравиолетово зрачење.

CATEGORIES
Share This