33 ДРЖАВИ ВО МАВРОВО Почна светското првенство во Крапски риболов
Мавровското Езеро од 2 до 5 септември е центар на светскиот спортски риболов.

Денес во Маврово свечено беше отворено Светското првенство во крапски риболов 2026, во организација на Македонската Риболовна Федерација.
На првенството учествуваат репрезентации од 33 држави, што го прави еден од најголемите меѓународни спортски настани од овој тип организирани во Македонија.
Натпреварувачкиот дел ќе се одржува на Мавровското Езеро од 2 до 5 септември, а свеченото затворање и доделувањето на медалите е предвидено за 5 септември.
Ова е прво Светско првенство во риболов што се организира во Македонија и претставува значаен настан како за македонскиот спортски риболов, така и за промоцијата на Маврово и Македонија како домаќини на големи меѓународни спортски настани.
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА – 30 држави ќе се борат за титулата во риболов на крап

