АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НА ЧЕКОР ДО КОПНЕНА ИНВАЗИЈА – Што се случува?

Републикански конгресмени откриваат дека копнена операција во Иран се разгледува како опција за блиска иднина.

АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НА ЧЕКОР ДО КОПНЕНА ИНВАЗИЈА – Што се случува?
Фото: Принтскрин

Американската армија би можела да разгледува можност за копнена операција во Иран, тврди новинарот на „Волстрит џурнал“, Алекс Ворд, повикувајќи се на информации од неколку конгресмени.

Според Ворд, најмалку тројца републикански конгресмени, вклучувајќи ги претседателите на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом и Сенатот, укажуваат дека копнена операција во Иран е разгледувана и дека таквата опција би можела да се реализира во блиска иднина.

Иран, од своја страна, ја зајакнува одбраната на островот Харг, клучен за транспортот на нафтата, откако CNN претходно извести дека американските сили би можеле да се обидат да го заземат за да ја ослабнат економската позиција на Техеран.

Репортерката на „Фокс њуз“, Џенифер Грифин, објави дека 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија добила наредба за распоредување на Блискиот Исток, но според „Волстрит џурнал“, официјална одлука за испраќање на копнени сили сè уште не е донесена.

CATEGORIES
Share This