25 ГОДИНИ ОД ВОЈНАТА ВО МАКЕДОНИЈА – Судирите, жртвите и Охридскиот рамковен договор

Нападот на ОНА врз полицијата во Тетово ја означи почетната фаза на петмесечната војна.

25 ГОДИНИ ОД ВОЈНАТА ВО МАКЕДОНИЈА – Судирите, жртвите и Охридскиот рамковен договор
Фото: Принтскрин

На 14 март 2001 година, пред 25 години од позиции на Калето и ридовите над Тетово, борци на Ослободителната народна армија (ОНА) започнаа напад врз полицијата, што означи почеток на најтешката безбедносна и политичка криза во поновата историја на Македонија. Конфликтот траеше пет месеци и заврши со склучувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 година, кој донесе значајни уставни и политички реформи.

Само осум дена по потпишувањето, припадници на ОНА ја разнесоа црквата „Свети Атанасиј“ во Лешочкиот манастир.

Во текот на судирите загинаа повеќе од 70 припадници на македонските безбедносни сили, стотици бунтовници и десетици цивили, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови. Судирите предизвикаа голема материјална штета, уништување на домови и инфраструктура.

Охридскиот рамковен договор предвидуваше разоружување на ОНА, пошироки права за етничките заедници и принцип на правична застапеност во институциите. Водачот на ОНА, Али Ахмети, подоцна ја основа Демократската унија за интеграција (ДУИ), која играше клучна улога во политичкиот живот на земјата во наредните две децении.

И покрај мировните договори, последиците од конфликтот се чувствуваат и денес од воени злосторства до амнестиите за одредени случаи, кои го оставија својот печат врз македонското општество.

CATEGORIES
TAGS
Share This