25 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА МИЛОШЕВИЌ НА 5 ОКТОМВРИ 2000 – Почеток на демократија или на анархија?

5 октомври останува историски симбол - доказ дека граѓаните можат да го сменат режимот, но и потсетник дека вистинските реформи, демократија и одговорна власт се единствената гаранција дека жртвите нема да бидат залудни.

25 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА МИЛОШЕВИЌ НА 5 ОКТОМВРИ 2000 – Почеток на демократија или на анархија?
Фото: Принтскрин

5 октомври 2000 година го означи крајот на владеењето на Слободан Милошевиќ, но и почетокот на едно тешко и турбулентно поглавје за Србија. Тој ден, со падот на режимот, започнаа и години на загуби – Косово, Црна Гора, фабриките, економското ткиво и милионите граѓани што заминаа во потрага по подобар живот.

Во однос на Косово постепено се изгуби контролата врз покраината, процес кој многумина го врзуваат со политиката по 5 октомври. Црна Гора по референдумот во 2006 година се одвои и стана независна држава. Во индустрија стотици фабрики беа затворени, производството пропадна, илјадници работници останаа без работа додека во однос на м миграцијата,  младите масовно ја напуштаа земјата, создавајќи длабока демографска празнина.

За многумина, 5 октомври остана симбол на граѓанската храброст, но и на анархијата што следеше, со уништување на институциите и владеењето на правото.

Еден од најмрачните моменти беше нападот врз тогашниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ. Сведоштва опишуваат како тој едвај избегал линчување од толпата што упадна во зградата на телевизијата. Претепан, сокриен и преправен, со помош на случајни минувачи, успеал да се спаси. Насилството врз него и неговото семејство стана симбол на бесот, но и на рушењето на владеењето на правото по промената.

Дури околу 2012 година Србија почна да бележи први знаци на закрепнување: Економија постепено др стабилизира, раст на извозот и инвестициите додека во политичкиот дел започнаа нови реформи и опции за транспарентност, иако резултатите беа мешани.

Економските показатели во 2012 покажуваат од 33 милијарди евра БДП на окол 88 милијарди евра во 2025 година. БДП по глава: од 4.700 евра (2012) на околу 8.000 евра (2023). Стапка на раст: просечно 2,3% годишно (2012–2022), со 3,85% во 2023 година.

Кај пазарот на трудот: Невработеност од 25,9% (2012) падна на 10,4% (2022). Невработеност кај младите – од над 51% (2012) на 25,4% (2023). Вработеност во 2025 година – 51,5%, со невработеност од 8,5%.

Странски инвестиции: Од 2015 година, приливот на директни странски инвестиции значително порасна, поддржувајќи ја економската трансформација.

5 октомври останува историски симбол – доказ дека граѓаните можат да го сменат режимот, но и потсетник дека вистинските реформи, демократија и одговорна власт се единствената гаранција дека жртвите нема да бидат залудни. Без тоа, историјата лесно се повторува.

CATEGORIES
TAGS
Share This