24. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СИНЕДЕЈС“ Вечерва со богатата програма

На програмата се и филмот „Тајниот агент“ на Мендоса Фило, номиниран за Златна палма во Кан, како и кратки и натпреварувачки филмови од фестивалот.

24. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СИНЕДЕЈС“ Вечерва со богатата програма

Во киното Фросина од 20 часот ќе се прикаже словенечкиот филм „Бело се пере на деведесет“ на Марко Набершник, со Аница Добра во главната улога, која ќе биде присутна на проекцијата. Филмот е македонска копродукција со „Црна мачкa“ и продуцентот Томи Салковски.

По него следи музичкиот документарец „Фанк-ЈУ“ на Бранко Дујмиќ, посветен на југословенската фанк сцена.

Во Денсинг салата, од 19 часот ќе се прикаже документарниот филм „Трет свет“ за хрватската група „Хаустор“, во присуство на режисерот Арсен Оремовиќ.

На програмата се и филмот „Тајниот агент“ на Мендоса Фило, номиниран за Златна палма во Кан, како и кратки и натпреварувачки филмови од фестивалот.

CATEGORIES
Share This