2.139 ОВЧАРИ ДОБИЈА ИСПЛАТА ОД 1.021.527.000 ДЕНАРИ – Еве како да бидете следни
Секоја овца носи директно плаќање од 3.000 денари, а одгледувачите мора да ги чуваат грлата до 30 ноември 2025 година.

Фото: Национал
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 1.021.527.000 денари на 2.139 одгледувачи на овци. Исплатата е реализирана по Мерка 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, во рамките на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакна:
„Остануваме посветени на оваа сточарска гранка.“
Услови за користење на подмерката:
- Поддршката е наменета за земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 30 овци постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози.
- Одгледувачите треба да ги чуваат овците најмалку до 30 ноември 2025 година.
- Земјоделците кои предале или заклале јагниња во регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, можат да ја користат подмерката.
- За 2025 година, корисниците мора да имаат предадено или заклано јагниња најмалку 50% од бројот на декларираните овци.
- Висината на директните плаќања е 3.000 денари по грло.
CATEGORIES Бизнис
