15 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА ЛЕМАН БРАДЕРС – Почетокот на глобалната финансиска криза што го промени светот

Со над 600 милијарди долари во средства, банката беше симбол на Вол Стрит и столб на финансискиот систем, сè до нејзиниот ненадеен колапс.

15 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА ЛЕМАН БРАДЕРС – Почетокот на глобалната финансиска криза што го промени светот

На 15 септември 2008 година, светот се соочи со историски економски шок – банкротот на американската инвестициска банка Леман Брадерс, една од најголемите финансиски институции во светот. Со над 600 милијарди долари во средства, банката беше симбол на Вол Стрит и столб на финансискиот систем, сè до нејзиниот ненадеен колапс.

Причината за падот беше длабоката вмешаност во хипотекарната криза, преку тргување со високо ризични хартии од вредност поврзани со несигурни хипотекарни кредити. Кога пазарот на недвижности почна да паѓа, овие инструменти станаа безвредни, што ја турна банката во неповратна загуба на доверба и ликвидност.

Обидите за спас преку продажба на банката пропаднаа, бидејќи владата одби да гарантира за потенцијалните преземачи. Падот на Леман Брадерс предизвика паника на глобалните пазари, доведе до најдлабоката финансиска криза од Големата депресија наваму и ги поттикна најголемите економски и регулаторни реформи во модерната историја.

Последиците беа разорни – милиони луѓе ги загубија своите работни места, домови и заштеди, а довербата во финансискиот систем беше сериозно нарушена. Банкротот на Леман останува потсетник на опасностите од дерегулиран финансиски сектор и на потребата од одговорно управување со глобалната економија.

CATEGORIES
TAGS
Share This