15 ГОДИНИ ИЛИНДЕН – Весникот што го чува македонскиот идентитет во Албанија
Македонскиот весник “Илинден“ предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот.

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник “Илинден“ во Тирана се вели во уредничкиот кометар на весникот.
Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.
Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“, на кој се обрати главниот и одговорен уредник, Никола Ѓурѓај.
Свеченоста се одржа во хотел и ресторан “Дрери” во Тирана, на настанот присуствуваше, Радмила Стојмировска, вршителка на должност амбасадор на Република Македонија во Тиранa, Република Албанија, Атанас Плоча, Заменик градоначалник на Општина Пустец, Васил Стерјовски, претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција, Верица Мукоска, лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Адвокат Никола Ангеловски, потпретседател Здружение „ВАРДАР-МКД“-Подгорица, Република Црна Гора, претставници на мисијата на ОБСЕ во Тирана и на здрженија на малцинствата , како и претстаници на македонско дрштвото “Илинден“ и македонци од Тирана, Корча, Голо Брдо, Преспа, Гора и други гости.
Македонскиот весник “Илинден“ предизвика голем интерес кај „македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот“.
Македонскиот весник “Илинден” досега има испечатено 71 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com
На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност, како за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет. Исто така, од септември 2017 година, македонскиот весник “Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN и дел од најголеми читачи на вести во Македонија: time.mk, grid.mk и vesti.mk
Македонскиот весник “Илинден” исто време сите изданија cе достапен за сите заинтересирани, во Националната библиотека во Тирана, Библиотеката на Собранието на Република Албанија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, Библиотеката на Академијата на науките и уметностите на Македонија, Библиотеката „Григор Перличев“ – Охрид и Државниот архив на Република Македонија.
Мисијата на нашиот весник беше и останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија.
Остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Република Албанија и Република Македонија, како и од Македонците ширум светот.
Во измнатиот период весникот дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.
Вредно е да се спомне дека многу од македонските и светските информативни гласила користат податоци објавени во весникот “Илинден“. На тој начин, за многу значајни настани од животот на Македонците во Албанија, се информира пошироката светска јавност, посочи Ѓурѓај.
Во оваа прилика, од име на редакцијата на македонскиот весник “Илинден” им се заблагодарувам на сите свои соработници и сите што помагат на весникот.
Благодарност до г-дин Трајче Трајковски од Перт Австралија што помогна свечено да се одбележуват петнаесет години на македонски весник “Илинден“.
Благодарност секако и до верната читателска публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот “Илинден“, покажа дека со објавуваните информации навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија.
Македонскиот весник “Илинден”денес свчено ја прославува својата петнаесетгодишна работа и постоење, а за неговото значење оставаме повеќе да каже историјата, го заврши своето обраќање уредникот Ѓурѓај.
