ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ НАРОДОТ – Најмладата листа во Могила покажува дека политиката е човечност, не профит

Советничката листа се откажува од пари за да помогне на заедницата.

ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ НАРОДОТ – Најмладата листа во Могила покажува дека политиката е човечност, не профит
Фото: Национал

На пет дена до изборите слушаме за храбра одлука на кандидатите за советници во Могила. Носителот на советничката листа Филип Кековски се огласи на социјалната мрежа фејсбук со објава дека дел од паушалот што ги добиваат советниците ќе го донираат кај сиромашните семејства.

„Како советничка листа, донесовме одлука дел од нашиот месечен паушал да го донираме на социјално загрозени семејства, самохрани родители, како и во општествени добра и места каде што помошта е најпотребна. Одлуката каде ќе се донираат средствата ќе биде секогаш по предлог на граѓаните на Општина Могила, а ќе се усвојува со заедничка одлука на нашата советничка листа. Веруваме дека вистинската политика е човечност, солидарност и пример со дело, а не со зборови. Ние сме најмладата листа, но со најискрена намера. Време е советниците конечно да се свртат кон народот, од кого се избрани!“ – потенцира Кековски. 

Гласајте за себе. Гласајте за доброто на општината. Гласајте за доброто на Македонија – Број 12.

CATEGORIES
TAGS
Share This