10 НАЈГЛЕДАНИ ФИЛМОВИ – Во топ 10 и диџеј Ахмет

Првата сезона Rooftop Open Air Cinema во организација на Cineplexx и Skopje City Mall беше распродадена за неколку часа.

10 НАЈГЛЕДАНИ ФИЛМОВИ – Во топ 10 и диџеј Ахмет
Фото: Принтскрин

Во текот на изминатата година, Cineplexx реализираше богата и разновидна кино-програма, со прикажување на повеќе од 60 различни филмови, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон македонската публика.

Меѓу најгледаните проекции во 2025 година, во топ 10 филмови се најде и домашното остварување Диџеј Ахмет, што претставува значајна пресвртница за македонската кинематографија и редок пример на домашен филм кој се позиционира меѓу најпопуларните наслови на годината.

Посебен белег на културната понуда во 2025 година беше и првата сезона на летното кино на отворено, во организација на Cineplexx и Skopje City Mall. Оваа новина привлече огромен интерес кај публиката и сите проекции беа распродадени за само неколку часа, а повеќе од 10.000 посетители уживаа во 30 филмски проекции под отворено небо.

Дополнителна тежина на програмата ѝ даде светската премиера на филмот Naked Gun, со што дистрибутерите го препознаа летното кино како релевантна платформа за промоција на нови и атрактивни филмски проекти. По успешната прва година на Rooftop Open Air Cinema, Cineplexx ја најави реализацијата на летното кино и во 2026 година, со уште поразновидна програма и поширок избор на филмови.

Како значаен културен момент се издвојува и одбележувањето на 20-годишнината од најгледаниот македонски филм на сите времиња – БалканКан, кој по две децении повторно беше прикажан пред публика во Скопје, потсетувајќи на неговото трајно место во домашната филмска историја.

CATEGORIES
Share This