ЗНАМ РАБОТИ СПОРЕД ЗАКОНОТ – СДСМ се нечесни и политички сценаристи кои го пуштија Груевски да избега

СДСМ и ДУИ продолжуваат да играат со институциите, додека ние се држиме до Уставот.

ЗНАМ РАБОТИ СПОРЕД ЗАКОНОТ – СДСМ се нечесни и политички сценаристи кои го пуштија Груевски да избега
Фото: Принтскрин

Функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија секојдневно се залагаат за почитување на Уставот и законите, кои треба да важат еднакво за сите. Принципите на владеење на правото и принципиелноста не се само апстрактни идеали и тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ и врз кој стои целата наша политичка борба. Ниту денес, ниту утре, нема да се откажеме од тие идеали, велат од ЗНАМ како реакција на соопштенијата на СДСМ и ДУИ.

„Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, тоа не претставува мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата во институциите и доверба која беше разнишана во времето кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, користејќи ги институциите како алатки на партиски интереси, а не како служби на граѓаните“.

СДСМ, кога зборува за „сценарија“ и „дилови“, всушност се обидува да го прикрие сопственото политичко минато. Лесно е да се фрла сомнеж, но тешко е да се понесе одговорност за сопствените одлуки.

Во јавноста се спомнува сценарио за враќање на Груби и наводен договор меѓу политички субјекти. Но, ако некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања, тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ и ДУИ ја водеа Владата. Институциите тогаш беа под нивна надлежност, а системот под нивна одговорност.“

CATEGORIES
Share This