ЗНАМ Е РАЗЛИЧНО ОД СДСМ Не е исто ако крадеш и градиш дома и ако крадеш и градиш во Дубаи

Партијата ЗНАМ најави дека ќе продолжи со својата заложба за „вистина, работа и интегритет“, насочена кон локален и национален развој.

ЗНАМ Е РАЗЛИЧНО ОД СДСМ Не е исто ако крадеш и градиш дома и ако крадеш и градиш во Дубаи

Политичката партија ЗНАМ остро реагираше на најновите обвинувања од редовите на СДСМ, оценувајќи ги како обид за дефокусирање од сопствените афери и политички неуспеси.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, на денешната прес-конференција изјави дека СДСМ повторно ги рециклира истите теми кои, според него, биле веќе отворени и затворени пред повеќе од девет месеци. Мемов оцени дека денешните напади се повторување на сценарио од локалните избори во 2021 година, со цел да се наруши имиџот на ЗНАМ пред изборите што треба да се одржат во октомври оваа година.

„И тогаш, и сега, обвинувањата се исти. Разликата е што сега СДСМ е во уште подлабока политичка и идеолошка криза. Куманово и Македонија повторно ќе ја препознаат вистинската страна – страната на развојот и чесното владеење“, рече Мемов.

Како пример за позитивниот придонес на ЗНАМ во локалната економија, Мемов ја наведе инвестицијата на германската компанија Лидл во индустриската зона Нивини и Речица во Куманово. Тој потсети дека токму поранешната влада, предводена од СДСМ, ја промовираше оваа капитална инвестиција пред парламентарните избори во 2024 година.

„Не ни е јасно зошто Лидл тогаш беше одлична инвестиција, а сега е проблематична. Очигледно е дека СДСМ, заробен во сопствената политичка мизерија, повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој“, додаде Мемов.

Во континуитет, СДСМ се води од народната поговорка:Крадецот вели, држете го крадецот.

Ние од ЗНАМ сме различни од нив и тоа безброј пати сме го докажале. Ние сме дома, во Македонија, а не во Дубаи на журките на Хариз Џиновиќ, не градиме облакодери во Дубаи, ние градиме за граѓаните на Македонија. Ние ниту сме Зоран Заев кој направи милиони евра од ископите во РЕК Битола (за кои сега има постапки), ниту сме Венко Филипче кој земаше провизии за набавка на вакцини, реагенси и респиратори во ковид кризата.

Тој ги отфрли обвинувањата за евентуални нерегуларности во проектите и инсистираше дека сè е транспарентно и во согласност со законот. Според него, нападите врз градоначалникот на Куманово се обид да се одвлече вниманието од, како што рече, вистинските скандали поврзани со поранешната власт – тендери, злоупотреби, и партиски вработувања.

„ЗНАМ ќе продолжи да работи без страв и без компромиси. Куманово е пример како може поинаку. Градот се развива, се отвораат нови работни места и се гради иднина со надеж. Ние остануваме тука – со граѓаните, за граѓаните“, заврши Мемов.

Партијата ЗНАМ најави дека ќе продолжи со својата заложба за „вистина, работа и интегритет“, насочена кон локален и национален развој – истакна Мемов..

CATEGORIES
TAGS
Share This