ЗЛАТОТО ПОВТОРНО НА ВРВОТ Очекувајте нови рекорди!

Стручњаците предупредуваат! Златото во 2025. година поскпело со најбрз темпо од 1979. година, а сега се очекува нов раст. Според најновата прогноза на британската банка HSBC, цената на златото би можела да достигне 5.000 долари по унца во првата половина на 2026. година, поради геополитички ризици и растечки глобален долг.
Банката исто така го намалила своето просечно предвидување за цената на златото во 2026. година од 4.600 на 4.587 долари по унца, очекувајќи корекција на цените подоцна во годината. HSBC предупредува дека корекцијата би можела да биде значајна ако геополитичките ризици ослабат или ако американските Федерални резерви престанат со намалувањето на каматните стапки.
Ако Федералните резерви престанат да ги намалуваат каматите или ги зголемат, златото станува помалку атрактивно, бидејќи обврзниците и штедењето носат поголеми приноси. Банката предвидува дека цените на златото во 2026. година ќе варираат помеѓу 3.950 и 5.050 долари по унца, со висока волатилност во трговијата и крајна цена од 4.450 долари.
HSBC исто така ги зголеми прогнозите за просечните цени на златото за 2027. и 2028. година на 4.625 и 4.700 долари по унца, со претходни прогнози од 3.950 и 3.630 долари. Очекувањата се дека цената на златото на крајот од 2027. година ќе изнесува 4.600 долари по унца, додека просечната вредност за 2029. година ќе биде 4.775 долари. Според британската агенција, златото во 2025. година поскпело за 64% на годишно ниво, што е најбрз раст од 1979. година.


